Слушнете го целиот говор на Иванов во ОН: Јас не гласам, со промена на името ќе имаме полусуверена држава (ВИДЕО)


Претседателот Ѓорге Иванов се обрати пред Генералното Собрание на Обединетите Нации од каде посочи дека и покрај правото на самоопределување врз основа на кое Македонците на 8 Септември 1991 година прогласија независност и своја држава, Македонија беше примена во Обединетите Нации под привремената референца ФИРОМ.

Претседателот потенцираше дека и покрај ова право кое е неприкосновено на секоја нација и според кое сите нации во светот треба да бидат еднакви, со потпишувањето на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, нашата земја се условува со ново име.

Иванов ги потенцираше предизвиците и резултатите кои произлегуваат од овој договор, според кој Грција ја условува Македонија освен на ново име во меѓународните односи, новото име ќе биде “ерга омнес”, односно ќе се користи и за домашна употреба. Според Договорот Грција исто така ја условува нашата држава да ги преименува своите институции и личните документи.

Претседателот Иванов истакна дека гласањето на референдум е право, а не обврска и дека секој граѓанин има право да одлучи како ќе постапува во однос на овој референдум, да излезе и да гласа, или, пак да не излезе и да бојкотира.

„Доколку овој референдум не е успешен, тогаш се отвора нова можност. Можност да разговараме и да ги разгледаме новите опции за решавање на прашањето во согласност со меѓународното право, преку почитување на нашето фундаментално право на самоопределување. Да го обновиме националниот консензус што го постигнавме на почетокот на независноста“ рече македонскиот претседател.

„Ако овој референдум биде успешен во согласност со законот, тогаш не само што се менува името на постојната држава, туку се создава нова, полусуверена држава, со ново име и нов внатрешно-правен и меѓународно-правен идентитет. Ќе бидеме држава само по име, но не и по суштина, бидејќи друг ќе ни го регулира начинот на живот“, изјави претседателот Иванов.

Тој порача дека ни е потребна храброст, но не за капитулирање, туку како што рече за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување, зачувување на суверенитетот и независноста на државата и за да се каже вистината.

„Овој 30 септември е одлучувачки за нашата иднина. Но, истовремено, во нашата традиција, со векови наназад на 30 септември се празнува верата, надежта и љубовта, кои произлегуваат од мудроста“, заклучи претседателот Иванов.

Тој уште еднаш потенцираше дека во недела нема да гласа на референдумот!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1