Сменети условите за барање правда во Стразбур – роковите поригорозни


Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој со години е преплавен од огромен број тужби, поради што за пресуда се чекаше и по неколку години, од почетокот на јануари го стега ременот за поднесување на апликациите.

sudИзменета е апликацијата што може да се симне од интернет-страницата на Судот во Стразбур и отсега е предвидено сите докази со апликацијата да се достават одеднаш и тоа во рок од шест месеци од приемот на пресудата од последната судска институција во државата.

Со ова се ветува побрзо решавање на случаите, односно се очекува значително намалување на времето потребно за донесување одлука и поскоро стигнување до правдата. Имаше случаи кога дел од тие што тужеа пред Стразбур да добијат правда дури откако починале.

Статистиката на Европскиот суд за Македонија покажува дека  во 2012  имало 354 предмети. 

Најмногу тужби што чекаат на одлучување пред Судот во Стразбур доаѓаат од Русија – 17.050, следуваат Италија – 14.350, Украина – 13.700, Србија – 11.700, Турција – 11.200, Романија – 6.050 и Бугарија – 2800. \

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1