Со 86 години и белодробно заболување, чичко Атанас мора пешки да се качува и и симнува од петти спрат. Неговата зграда во Аеродром повеќе од два месеци е без лифт. ЕВН ги исклучил заради неплатена сметка од 10.000 евра.
Станарите во оваа зграда се прашуваат зошто за сите овие години не добиле сметка за струја, зошто ЕВН не го сменил броилото за лифтот кога биле сменувани останатите броила, зошто никогаш не биле предупредени дека имаат долгови.
Во зградата живеат главно постари лица на кои лифтот им е неопходен. Најтешко е кога некој од станарите ќе се разболи.
Ставот на ЕВН е дека постапуваат според одобрените правилници. Сеедно дали броилото било механички неисправно, старо или пак не е навремено заменето, потрошената струја мора да се плати.
„Во случај броилото подолго време да не е исчитано, тоа не значи дека корисникот не користел електрична енергија и дека не треба да плати за услугата. Законот вели доколку подолго време корисникот не добие сметка, негова обврска е да пријави во ЕВН за повторно редовно да пристигнуваат сметки“, велат од ЕВН Македонија.
Sitel.mk