Во Агенцијата за храна во првата половина од годинава граѓаните поднеле 102 жалби за купена храна, од кои дури 60 отсто биле основани, односно при контролата се потврдени наводите во нив, пишува Нова Македонија
Расипани јајца, месо со лош мирис и вкус, кои укажуваат дека нешто не е во ред, истечен рок на употреба, но и туѓи тела по купеното во продавниците, биле главните забелешки на граѓаните во првата половина од годината што ги упатиле до Агенцијата за храна.
Инспекциските служби повеле четири прекршочни пријави, а три правни субјекти платиле казна. Инспекторите уништиле 120 килограми небезбедна храна.