Дваесетгодишно момче го потресе светот отккао се самозапали пред 200 гледачи. Момчето чиј идентитет не е познат, се претставил како Стивен и најавил дека ќе се самозапали пред онлајн публика од 200 гледачи, па тоа и го направил.
Во саботата вечерта, Стивен пред камерата која пренесувала се што се случува на сајтот “4chan“ кој дозволува анонимни постови од корисниците, се напил повеќе таблети, потоа испил вотка и на крајот ја запалил собата. Набрзо пристигнале пожарникари и го извадиле од под креветот.Дали момчето преживеало сеуште не е познато.
Пред да го почне преносот напишал
“Како човек кој е на овој чат од 2004 ќе направам „an hero“ (онлајн сленг за самоубиство) пред сите вас. Се што барам е да ме линкувате еден час и така да можете да следите се во живо“ напишал Стивен кој и од под креветот испраќал пораки мислејќи дека тоа му се последните минути живот. Напишал – мртов сум, о боже горам – сепак пожарникарите стасале навреме пред огнот да го зафати Стивен – не е познато дали димот влијаел на него.
Она што ја згрози јавноста е што 200 лица кои го линкувале не сториле ништо за да го одвратат од лудата намера. Наместо оние кои гледале да го спречат, тие го следеле настанот, а дури и го бодреле да оди до крај. Некои дури и му давале совети како да го врши преносот во живо.