Езерото Натрон во Танзанија го нарекуваат и смртоносно езеро. Стотици птици што слетуваат во него завршуваат умрени, а нивните тела остануваат калцифицирани статуи.
Температурите во езерото достигнуваат температура и до 60 Целзиусови степени, додека неговата алкалност изнесува помеѓу pH9 и pH 10.5. Езерото своето име го добило по натронот, природно соединение кое е составено првенствено од натриум карбонат. Ова соединение на езерото е резултат на вулканската пепел, а сите животни кои ќе завршат во неговите води умираат и стануваат скаменети.
Фотографот Ник Бранд кој често престојува и работи во Африка (режисер на култниот спот на Мајкл Џексон за песната Earth Song во 1995-та) случајно ги открил овие сочувани птици и лилјаци покрај езерото и ја направил серијата фотографии наречена „The Calcified“.
„Едноставно морав да ги фотографирам. Никој точно не знае како умираат овие животни, но изгледа дека исклучително рефлексивната површина на езерото има врска со тоа бидејќи ги збунува. Како птиците кои удираат во стаклен прозорец, така и овде птиците удираат од површината на езерото“, вели Бранд.