Првата СМС порака е пратена на 3 декември 1992 година и не била напишана на мобилен телефон туку на компјутер. Првата порака ја испратил софтверскиот инжинер Neil Papworth, а ја испратил до Ричард Јарвис од Водафон.
Во моментот Ричард бил на божиќна продлава со вработените од фирмата и пораката ја примил на мобилен телефон Orbitel 901. во неа пишувало –
,, СРЕЌЕН БОЖИЌ,,
Иако компаниите во почетокот биле скептични за употребата на текстуална комуникација, развојот на смс-от и неговата секојдневна употреба растеле со вртоглава брзина.
Сепак според истражувањата употребата на смс опаѓа, а оваа година според New York Times, за прв пат во историјата на САД имало намалување драстично на испратените СМС пораки. Интернет сервисите како iMessage, Viber, WhatsAppa, го заземаат нејзиното место. Сепак истражувачите сметаат дека смс нема да умре но ќе се ограничи неговата употреба на сервисни поволности, како плаќање паркинг и слично.