Заплака икона на Богородица на Косово (Фото)


Иконата на Пресвета Богородица во православниот манастир Будисавци во Косово и Метохија се расплакала за време на празникот Свети Јован Златоуст, на 26 ти ноември.

Како што медиумите во Србија ги информирал еден верник, додека траела богослужбат иконата која била на манастирскиот иконостас заплакала.

Игуменот Алексеј за Телеграф вели ,, прво мислев дека е случајно дека нешто се истурило, ја избришав иконата, но кога видов дека повторно потече солза сватив дека плаче,,

Во моментот во манастирот имало околу 20 верници. Иконата заплакала уште еднаш на 28 ноември.

Манастирот Будисавци се наоѓа во општината Клина, 17 километри источно од Пеќ и и’ припаѓа на Рашко – призренската епархија. Тој потекнува од 14 иот век, но со сигурност не се знае кој бил ктиторот.

Од манастриот Будисавци е и иконата Преображение Христово која потекнува од крајот на 14 иот или почетокот на 15 иот век. Манастирот во 1568 та година бил обновен од патријархот Макарије Соколовиќ (1557 – 1571).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1