Откриено легло на еднорози во Северна Кореја


Кралот на древната обединета Кореја, Тонгмјонг јавал на еднорози, а нивното легло наводно е неодамна пронадено покрај храм во Пјонгјанг, престолница на Северна Кореја.

Историчарите на Северна Кореја сопштија дека археолози го пронашле леглото н еднорозите, познато митолошко животно.

Во извештајот на Институтот за историја на Академијата за општествени науки се вели дека со откривањето на леглото се потврдува дека Пјонгјанг бил центар на  древната обединета Кореја.

„пред леглото стои правоаголна кароа со наптис ‘Легло на еднорози’. А се смета дека датира од периодот на кралството Корјо. Храмот служел како палата за кралот Тонгмјонг”, се вели во извештајот.

Јо Хуи Сунг, директор на Институтот, изјавил дека ова откритие само ги потврдува општо позатите факти за историјата на Северна Кореја.

„Историските книги на Кореја неколку пати спомнуваат еднорози и нивно легло. Кралот Тонгмјонг јавал еднорози”, рекол Сунг, а пренесуваат новинските агенции од оваа земја.

Веста ја пренесоа сите светски медиуми, но со резерва. Дури и потсетуваат дека државната новинска агенција пред само неколку недели како главна вест ја објави патката на онион дека нивниот лидер е прогласен за најсекси маж на планетата. Се очекуваат повеќе информации и верификација на наводниот пронајдок за леглото на еднорозите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1