Папата ги преплаши циркуските животни (Фото)


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт XVI ги прими во Ватикан вчера неколку илјади преставници од светот на циркусот и ги охрабри да продолжат да ја ,,одушевуваат и изненадуваат,, публиката.

Папата ги прими и животните, но според фотографиите животните не само што не уживале во друштвото на првиот католик над католиците туку и се преплашиле, јавуваат медиумите. На фотографијата е едно мало тигарче кое цело време ,,ржело,, и се мрдало додека папата бил во негова близина.

Benedikt XVI ги фалеше луѓето во циркусите дека ја негуваат традицијата, нежноста кон децата, животните. ,, Во вашиот свет се чува дијалогот меѓу генерациите, смислата за пријателство и љубов кон колективната рабтоа,, изјавил папата кои зборувал и за потешкотиите кои ги имаат овие луѓе како воспитувањето на децата, вадење дозволи во секој град итн.

Луѓето од циркусот во петокот на плоштадот Св Петар поставија рингишпил и шатор за одржување на претстава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1