СМС порака пресудна за хоророт во Волково – Oва биле последните зборови на убиените


Престани да ни се закануваш, ќе те пријавам во полиција! Ова биле последните зборови што Снежана Николовска од Волково ги кажала пред да биде убиена со куршум во главата. 45-годишниот Дончо Ѓ. ја убил Снежана, па потоа и нејзината мајка Елена, па самиот си пресудил.lenta policija telo

Како што пишува Дневник, неофицијално, причина за двојното убиство и самоубиство е СМС порака која ја добил од својата љубовница, ќерката на Снежана, во која му напишала: „Прави што сакаш. Имаш жена и деца, мене оставиме на мира“, по што Дончо отишол во куќата на нејзините мајка и баба и со пушка ги убил двете жени, а потоа се самоубил.

Соседите раскажуваат дека не можејќи да го поднесе фактот дека младата девојка заминала и дека нивната љубовна врска е завршена, Дончо постојано им се заканувал, вербално ги напаѓал, ги навредувал, а потоа завчера и навистина посегнал по нивниот живот.

Дента кога се случило убиството, Дончо излегол од куќата по што Снежана во 19.25 часот се јавила на 192 за да пријави дека соседот им се заканува дека ќе ги убие неа и нејзината мајка, а додека зборувала со полицијата, Дончо повторно се вратил во куќата но вооружен со пушка. Тогаш се слушнало силно тропање и кршење на стакло, а потоа и пискотници, по што линијата се прекинала. Дончо влегол во куќата и ја застрелал Снежана во главата, а нејзината мајка Елена ја застрелал во градниот кош. Двете жени починале веднаш. Откако ги убил, вооружениот маж излегол во дворот, застанал покрај скалите од куќата и си пукал во брадата.

Важел за агресивен човек кој знаел да пука во воздух на веселби.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1