СМС порака за лажна дојава за бомба во „Сити Мол“ – луѓето во паника го барале излезот


Сите вработени и посетители во трговскиот центар „Сити Мол“ евакуирани. Вработените раскажуваат дека одеднаш на разглас се слушнало „внимание, веднаш напуштете го трговскиот ценатар“ и на англиски и на македонски јазик, пренесува „Телма“.

Како што јави репортерот на МИА, полициски екипи со кучиња трагачи детално ги пребарува сите простории. Во трговскиот центар повремено се внесуваат еден по еден од вработените во локалите со полициска придружба за да го земат прометот.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата.

На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари, а сообраќајот на околните улици е блокиран.

Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.

Истовремено, во трговскиот центар избил и пожар во една сендвичара, но од МВР велат дека веројатно двата настани немаат поврзаност.

Според полициси извори на Телма, пратена е СМС порака со лажна дојава за поставена бомба во шопинг центарот. Се уште се испитува од кој провајдер е пратена пораката. Спред истите извори, вакви пораки со вознемирувачка и лажна содржина испратени се и на други лица. Истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1