Снајперисти, забрането пружање алишта, ролетните спуштени – Загреб го чека Бајден


Хрватската полиција и тајната служба со денови се подготвуваат за посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден, но и други странски државници кои во среда стигнуваат на состанокот Брдо Бриони.

Македонската делегација ќе ја предводи Претседателот Ѓорѓе Иванов.zagreb-policija

Во среда во Загреб, на улиците на кои ќе се движат гостите, ќе биде забрането да се излегува на терасите, да се пружаат алишта, да се изведуваат градежни работи, а ролетните мора да бидат спуштени.

За утре е најавено пломбирање на шахтите, поставување на снајперисти на стратешки јавни места, разни противексплозивни прегледи и максимално чувани колони на високите официјални лица кои ќе се движат низ градот, а чии точни рути полицијата не ги открива.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1