Врнежи од снег на планините и формирање снежна покривка, како и нагло намалување на температурата за 15 степени, најавуваат метеоролозите за претстојниот викенд.
Врнежи од снег ќе има особено во северните делови каде што снежната граница можно е да се сушти и под 1500 метри н.в. и ќе се формира снежна покривка.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од петок кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени.
Од УХМР посочуваат дека утре и задутре времето ќе биде претежно сончево и топло, но ќе има значителна промена на воздушниот притисок кој ќе опадне за околу 20 мерни единици