Трагедија: Кандидатот од Кичево им подлегна на повредите


Застреланиот носител на независната кандидатска листа во Кичево утрово им подлегнал на повредите, на Клиниката на интензивна нега во Скопје, дознава Пресс24 од извори во болницата.

Алит Абази беше застрелан во центарот на Кичево, минатата недела, кога во него пукаше 58-годишниот Абдула Абдули.

Покрај Абази, со прострелни рани се здоби и шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу, како и случаен минувач.

Престрелката се случи во центарот на Кичево во близина на полициската станица на фреквентниот булевар слобода.

58-годишниот убиец е приведен, а судија на претходна постапка веќе му одреди мерка притвор од 30 дена, па судењето ќе го чека во истражниот затвор во Шутка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1