Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Ѕид на сообраќајниот срам
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Ѓавато, Пресека и во Крушево. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.