Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива по влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.
Дожд врне во поголемиот дел од државата, а на Попова Шапка паѓа снег со слаб интензитет.
Слаби врнежи од снег се бележат на планинскиот премин Стража, но без задржување на коловозот и без застои во сообраќајот.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
ЈП Македонија пат инфорира дека дежурните екипи се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3), Раброво – Костурино (Р1401) и Македонска Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да потраат до средината на декември.
На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.
Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014 год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555