Снег вее во Македонија: Еве на кои места


Слаб снег во моментов провејува во кратовско Страцин, но вее и во Тетово, Делчево и Смојмирово.

На овие места температурата е од 0 до 5 степени.Меторолозите најавуваат дека до крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.

Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а понекаде на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1