Слаб снег провејува на неколку планински врвови низ земјава во моментов. На Попова Шапка вее слаб снег, но не е додолвно за да се формира снежна покриа. Слаби снежни врнежи и на Маврово но и таму атмосферата воопшто не потсетува на зима.
Слаби снежни врнежи и на плаинските превои Плетвар и Стража.
Од Македонија пат информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има на патните правци Велес-Каталаново, Стража и Прилеп-Крушевo.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Kurir