Во босанскиот град Мостар синоќа, после речиси седум години, падна снег. Метеоролозите најавуваа снег во најголемиот град на Неретва, а Управата за цивилна заштита издаде предупредување за снежни врнежи.
Во Мостар ретко снегот се задржува на тлото и вообичаено им прави проблеми на учесниците во сообраќајот, ненавикнати на снег, пренесува сараевски „Кликс“.