Топлото време е при крај. Услови за снег во главниот град метеоролозите најавуваат за идната недела. Тогаш се очекува и позначително намалување на температурите кои во текот на денот нема да надминуваат 4 степени а минималните ќе паднат неколку степени под нулата.
Потоа ќе следи наоблачување кое ќе донесе услови за пораст на температурите а такво време ќе се задржи до крајот на годината.