СНЕГОТ СЕ ВРАЌА: Од понеделник драстична промена на времето


Облачно време со врнежи од дожд и снег на планините и на повисоките места каде ќе се формира и нова снежна покривка најавува Управата за хидрометеоролошки работи од понеделник во вечерните и ноќните часови.

Според УХМР, промената на времето под влијание на влажен и студен бран ќе услови пад на температурите.

–Во понеделник во ноќните часови, како и во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање, најави УХМР.

Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.

Како што информираше претходно УХМР, утре и во понеделеник ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност и со умерен ветер претежно од западен правец. Максималните температури ќе достигнат до 24, односно до 23 степени, а по промената во понеделеник, во вторник ќе изнесуваат максимум 12 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1