Снежна апокалипса во Австрија – наредено да се направат залихи од вода, храна и лекови


Огромни количини снег кој врне со денови предизвикаа хаос во Австрија, а досега животот го изгубија девет лица. Метеоролозите најавуваат продолжување на врнежите до крајот на неделата и дури 2 метри нова снежна покривка.

Сите австриски служби за спасување, пожарникари, војска и полицијата се борат против незапаметните наноси снег кои затрупаа поголем дел од алпската република.

Со секој нов сантиметар снег, жителите се повеќе стравуваат, бидејќи според локалната прогноза, врнежите ќе продолжат цела недела.Издадено е и итно предупредување до луѓето на загрозените подрачја да обезбедат залихи од храна, вода за пиење, лекови и огрев за цела недела поради снежните врнежи.

Граѓаните не треба да ги напуштаат домовите и да одат во небезбедни подрачја, бидејќи така го загрозуваат својот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1