Снежна бура во Хрватска, заглавен автобус со деца


Снежно невреме попладнево ја зафати планината Сљеме, крај Загреб, а два автобуса со деца останаа заглавени бидејќи претходно комбе слетало од улица и го запрело сообраќајот, пренесува порталот Индекс.хр.sneg pat zaveano bura

Хрватскиот портал уште наведува дека децата сега чекаат во Томиславец патот да се исчисти.

И планината Биоково е погодена од снежна бура, а призорите потсетуваат на сцени од хорор филмови. Снимка од бурата и силните и гласни удари на ветрот на својот профил на Фејсбук ги објави Крометео.

На планината досега наврнаа 20 сантиметри снег.

Во попладневните часови снег почна да паѓа и во Карловац и Вараждин, каде паднаа речиси десет сантиметри снег.

Според прогнозите, следната недела може да се очекува ново заладување и повеќедневни врнежи од снег, наведува Индекс.хр.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1