120 нерасветлени убиства во Македонија


Од 2000 година, заклучно со 31 август лани, според податоците на полицијата, во Македонија се случиле вкупно 703 убиства во кои биле убиени 735 лица. Од нив, дури 120 останале нерасветлени.ubistvo uvid

Понатаму полициската статистика вели дека низата нерасветлени убиства е најголема во периодот на 2003 и 2004 година, кога од рекордни 75 убиства во 2003 и 56 во 2004 година, нерасветлени, вкупно за двете години, останале 36, анализира денешен „Вест“.

Криминолозите велат дека нема совршено злосторство, но има погрешно водена истрага. Според нив, најголема ефикасност полицијата има во првите 48 часа од стореното убиство. Ако во тој период не се открие сторителот, со секој изминат ден с потешко е тој да биде откриен. Често на терен се случувало, додека да дојдат истражителите, местото на убиството да не биде обезбедено, па така уште од старт увидните екипи се соочуваат со тешкотии околу собирање на доказите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1