Снимајќи животни снимиле нешто необјасниво – мештаните во страв (Видео)


Семејството Шатлес кој во далечниот дел од округот Џексон во Мисисипи на дрвата има поставено инфрацрвени камери, успеале да ја доловат тамошната фауна. Тие во четвртокот на јавноста и претставија интересна слика на која можеме да се забележи „неидентификуван летечки објект со елен.

nlo-2Објектот е забележан во вечерните часови на 16.02.2014 година, а персоналот сведочи дека слетал само на неколку метри од земјата. Приближувањето на животните траело повеќе од половина час, па и покрај тоа што светлата за прв пат можеле да бидат приметени во 07:29 часот, дури во 08:09 снимката открива нешто што потсетува на фарови на автомобили, за да потоа дисковидниот објект почне да се повлекува.

„Во секој случај ние зборуваме за некој непознат летечки објект, но не ме прашувајте чив е. Можеби станува збор за летечки објект, а можеби е обично беспилотно летало на владата“, вели Рајнер Шателс кој досега немал доживеано вакво слично искуство.

Заговорниците на теории говорат дека не сме сами во вселената, и инцидентот го поврзале со случајот од 1973 година кога двајца рибари од Паскагола (неколку километри појужно) тврделе дека биле киднапирани од суштества од вселената. Чарлс Хиксон и Калвин Паркер, биле наводно киднапирани од три хуманоидни суштества кои ги вовекле во свемирскиот брод, а во него биле проучувани отприлика околу дваесетина минути.

Хиксон подоцна успешно го поминал полиграфскиот тест, а интересно е да се напомене фактот што во 2001 година сега веќе починатиот морнарички офицер Мајк Каталадо потврдил дека таа вечер забележал неидентификуван летечки објект. Безбедносните камери тоа не го потврдиле, а скептиците до ден денес се уверени дека приказната на Хиксон и Паркер е со голем број на нелогичности и дека истрагата била спроведена благо речено, доста невешто.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1