Снимал колку брзо вози – направил сообраќајка, убил три лица


Три лица го изгубија животот во директниот судар меѓу два автомобили во петокот вечерта во Сант-Пазан (Лоар-Атлантик), предизвикан од еден млад возач кој го снимал на видео камера своето брзо возење, јави дописникот на МИА од Париз.

_64931455_crashВо истрагата водена од француската жандармерија открила видео камера која младиот возач (инаку професионален војник) ја поставил на таков начин во автомобилот за да може да го снима неговиот брзинометар.

Видео системот според жандармеријата е сличен како оние кои се користат во екстремните спортови и чии снимки можат да се најдат на интернет.

Снимките од камерата покажале дека младиот возач непосредно пред сообраќајката возел со брзина од 200километри на час додека во моментот на директниот судар со автомобилот од спротивната страна возел со 140 километри на час наместо дозволените 90 километри на час.

Во другиот автомобил загинаа двајца патници, додека возачот е потепко повреден.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1