Силен земјотрес во Егејското Море


 Силен земјотрес е регистриран денеска во Егејското Море, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

zemjotresЗемјотресот бил со интензитен од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот  бил во морето во регионот на островот Бозаџаадама на околу 80 километри од градот Чанаккале. Земјотресот бил почувствуван во Истанбул, Измир, Чанаккале, Одрин и Текирдаг.

Земјотрес со интрензитет од пет спетени спроед Рихтеровата скала го погоди поморскиот регион јужно од грчкиот остров Лимнос. Потресот е почуствуван во Атина.

Според медитеранскиот сеизмички институт земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1