Скоро шест месеци поминаа од убиството на пејачката Јелена Марјановиќ, а убиецот се уште не е пронајден. Се шпекулираше дека некој од семејството е вмешан во злосторството, а полицијата во последно време ги притиска свекорот и деверот на убиената пејачка.
Во меѓувреме излегуваат нови докази и факти кои покажуваат дека пејачката не била многу среќна, како што тоа се обидуваше да го претстави нејзиното семејство. На најновата снимка која се појави, може да се види како Јелена четири месеци пред убиството имала модрици по лицето и дека е несреќна.
Снимката настанала на семејната слава, а на неа се гледа како пејачката ги служи гостите додека кумата и свекрвата играат. На снимката јасно се гледа модрицата на нејзиното лице. Пред оваа снимка медиумите објавуваа дека пејачката трпела тротура од поедини членови на семејството.