Монахот Николај Стаматовиќ е пуштен на слобода, а неговиот лаптоп, во кој наводно се наоѓа порнографски филм, полицијата го запленила.
Станува збор за намесникот во манастирот во Етно-селото „Станишиќи“ кај Бјелине кој е уапсен пред два дена во Белград, бидејќи на Бојан Јовановиќ за 100.000 евра се обидел да му продаде филм во траење од час и половина во кој, според зборовите на адвокатот Душко Томиќ, владиката Василије Качавенда има сексуални односи со четворица момчиња.
Иако во овој случај е побарана изјава од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, како што пишуваат медиумите, тие добиле одговор дека полицијата нема никакви информации по тоа прашање.
Бојан Јованоиќ покажал неколку смс-пораки кои отец Николај му ги праќал, договарајќи состанок за продажба на филмот.
Јовановиќ за сето тоа го информирал аквокатот, на што тој му одговорил да закажат состанок и да ја погледнат снимката за да утврдат дека не е во прашање некоја монтажа.
– Во филмот владиката Качавенда орално и анално ги задоволува четворицата момчиња, а потоа и тие него. По сексуалниот чин, а што се гледа на снимката, сите заедно се тушираат. Една од снимките настанала на 27 јануари 2007. година – рекол Томиќ.
Еден дел од филмот е снимен на имотот на владиката во Бјелине, а другиот дел во неговиот стан во Белград.