Италијанскиот министер за внатрешни работи објави дека 22 лица загинаа, а пет лица се сериозно повредени.
На социјалните мрежи, објавена е снимка од воздух што го прикажува размерот на трагедијата што ја погоди Италија. Се гледа срушениот надвозник и многу возила околу урнатините.
Во неколку смачкани возила под урнатини се извлечени телата на неколку загинати лица, а две лица се извлечени живи, соопштија спасувачките служби.
Меѓу жртвите е и едно дете, велат полициски извори.
OMG. An aeral view of the tragedy in #Genoa, where a major motorway bridge has collapsed. This is appalling. #Italy
via @belcastrotw pic.twitter.com/jodF6eIUP8— Antonello Guerrera (@antoguerrera) August 14, 2018
Понте Моранди, дел од автопатот А10, се сруши денес за време на пороен дожд откако бил погоден од гром, тврдат сведоци, пренесе Би-би-си.
„Беше веднаш по 11:30 часот, кога видовме молња како го погоди мостот“, цитирана е изјавата на сведокот Пјетро Ем Асаса, објавена од италијанската новинска агенција Анса. „И видовме како мостот се сруши“.
Друг неименуван сведок вели: „Слушнавме неверојатен рев и прво мислевме дека е гром што удрил многу близу.“
„Живееме околу 5 километри од мостот, но слушнавме луд тресок… Многу се исплашивме…“