Сите кои што го погледнале филмот “Волкот од Wall Street” дефинитивно барем во еден момент посакале барем на кратко време да видат како навистина изгледа да се живее на така распуштен начин.
Вистинскиот волк од Wall Street, Џордан Белфорт, кој бил осуден на 22 месеци поради финансиски измами и според кој е снимен и споменатиот филм, откако филмот бил премиерно прикажан изјавил дека неговиот живот изгледал и уште полошо од она кое што успешно го доловил и одглумил Леонардо ди Каприо.
Но, Instagram профилот на Тимоти Сајкс, мултимилионер кој исто како и Белфорт го заработил своето богатство со тргување на акции, барем на момент на нас “обичните смртници” ни прикажува како изгледа животот на еден млад, богат и успешен бизнисмен.
Сајкс, исто како и Белфорт, ги подучува луѓето да бидат успешни исто како што е и тој.
Но, за разлика од Волкот, тој никогаш не бил обвинет за злоделата кои ги дискредитирале неговите успеси. За себе во една прилика изјавил дека нема никакви вештини со кои сето тоа успева да го постигне, туку има само огромна желба да им овозможи подобар живот на луѓето кои што ги сака.
– Среќен сум што можам тоа да им го овозможам, изјавил тој за американските медиуми.
Својата кариера ја започнал уште во средно училиште кога дел од својата мала заштеда ја вложил во акции. До 21-вата година тој веќе заработил цело богатство од преку милион ипол долари.
Овој млад богаташ не го крие својот животен стил, а на Instagram мрежата тој засега има и голема публика, односно дури 297 илјади следбеници.