Со 7 куршуми убиен бизнисмен од Штип – Не требаше вака да заврши, се последните зборови


Со седум куршуми застрелан е 52 годишен бизнисмен кој според најновите информации е штипјанец.Починал утрово во болница. Убиецот е во бегство, а полицијата ги испитува мотивите за убиството.

nokj pukanje „Не требаше вака да заврши“- биле последните зборови на 52-годишниот Димитар Јовановски во амбулантната кола која го возела накај болница. Бизнисменот не преживеа, почина утрово. Во него синоќа, засега непознат за полицијата, испукал седум куршуми. Иако се претпоставува дека Јовановски знаел кој пука во него, сепак пред инспекторите не го кажал името на убиецот.Убиен е пред неговиот влез на зградата во населбата Аеродром. Помош барал на домофон. Соседите не можеа да поверуваат дека штипјанецот кој десетина години живее во нивната зграда е мртов, пренесува Алфа ТВ.

Полицијата ги зема чаурите како доказ. Се проверуваат два мотиви за убиството.
Јовановски имал свињарска фарма, а претходно се занимавал и со трговија на здрава храна. Почнал со продажба на оружје ама не му одело. Пријателите на бизнисменот, кои не сакаа да зборуваат пред камера, исклучуваат долгови бидејќи како што велат тој бил чесен човек.

Според првичниот извештај на полицијата од болницата каде што бил префрлен, штипјанецот бил погоден со седум куршуми во пределот на стомакот.

– Лицето живеело во зградата каде што се случил инцидентот. Веднаш е префрлен во болница. Во моментот кога бил префрлен бил контактибилен. За жал подоцна им подлегнал на повредите и според првичниот извештај од болницата бил погоден  во пределот на стомакот со седум куршуми, изјави Иво Котевски, портпаролот на МВР.

Од местото на убиството се земени траги кои се предадени на натамошно вештачење и во тек се активности за утврдување на идентитетот на сторителот, како и на мотивите за извршеното убиство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1