Со амин од Џафери набавени 100 лаптопи за пратениците – јавноста бесна


Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери.

Собранискиот спикер Талат Џафери ставил потпис на договор за набавка на преносни компјутери за пратениците.

Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ, пишува порталот „360 степени“.

Договорот е склучен со ИТ-компанијата „Неоком“. Таа е должна во рок од 60 дена да ги испорача лаптопите, кои треба веднаш да бидат приспособени за работа и на секој од нив на декстопот да има документ со упатство за користење.

Компјутерите доаѓаат откако по натегањето дали пратениците да работат он лине излезе инфо дека дел од нив немале компјутери за да работат од дома. Ова доаѓа во време кога учениците веќе се на он лине настава, а никој не ги праша родителите дали имаат компјутери за децата или не.. И откако се објави веста јавноста бесна на социјалните мрежи. еве само дел од постовите

,,Ја да сум пратеник нема да прифатам да земам лаптоп од 1000 евра на државна сметка, во момент кога 40 илјади деца немаат можност да следат онлајн-настава. Ама не сум.
Погребан е овде срамот одамна.,,

,,Па, и донација да се, што не ги дадат на деца што немаат како да следат онлајн настава?… Наместо они пример да бидат, она лаптопи ќе земале… Не ми е јасно ,,

,,Не се нормални овие жими се, зарем немаат пари сами да си купат. Ги боли уво шо сакаат праат. Дај бре таму на деца што немаат-како не ви е срам,,

,,Ти им викаш 40.000 деца немаат можност за лаптоп или таблет, Заев вика ќе им земеме во второ полугодие, министерката за труд и социјала им вика купете си за викенд без ДДВ а за пратениците си купиле 100 лаптопи за 100.000 евра … Каква дно држава сме…,,

,,Каде живееме бе? Илјадници деца во земјава немаат никаков компјутер дома за да учат, а ова СТo**** се луксузира со лаптопи од по 900 евра…,,

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1