Валентина Талеска на 35 години останала вдовица. Сама со две деца со 3500 денари месечно ги школувала и растела синовите. Од како завршиле средно училиште и била одземена пензијата, со образложение дека нема право да ја зема. Тоа било пред 15 години.
Таа денеска има 50 години живее сама без никакви примања, а пензијата од починатиот сопруг се уште не ја зема.
Од институција до институција само ја одбивале, а никој не и објаснил дали некогаш ќе ја земе пензијата од сопругот, барала и социјална помош, но не и дале.
„Ми викаат па ти убаво живееш убаво средено ,а како убаво без пари“, прашува Валентина?
На жената единствена надеж и останала Канал 5 телевизија таа со срам и солзи побара да и се помогне и објасни зошто не може да земе никаква помош.