Со илјадници шарени јајца 45 год го китат дрвото во дворот


Пензионери од Германија за две недели накитиле дрво со јајца кои претходно рачно ги офарбале со силни пастелни бои

jajca na drvoФолкер Крафт и неговата сопруга ова го прават веќе традиционално. Дрвото украсено со шарени јајца се наоѓа во дворот на нивната куќа во Залфелд, град во Германија, а луѓето можат да влезат во нивниот двор и да го видат дрвото.

-Веќе 45 години го украсувам ова дрво за Велигден, но никако да се запишам во Гинисовата книга на рекорди- вели тој.

На прво место според Гинис е зоолошката градина во Росток, кој го држи рекордот поставен уште во 2007 година, со 76.596 јајца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1