„Со кајче до дома“ – дождот во Охрид


Нов дожд стара мака. Жителите од колективните згради на ул. „Карпош Војвода“ и натаму се соочуваат со проблеми при пообилни врнежи, како што е случај деновиве.

Циклонот „Симеон“ создаде езерце пред влезовите на зградата, па доколку паркирате од спротива на влезот за да стигнете до дома ќе ви треба кајче, иронично коментираат жителите на зградата.

Karposh_Vojvoda_2

Тие укажуваат дека проблемот постои веќе пет години и дека покрај сите апели упатени до надлежните пристапот до зградата се уште не е уреден, односно асфалтиран.

 

OhridNew

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1