Филипинец кои живее во Дубаи на суд признал дека инсталирал камера во туш кабината на своите две цимерки, но во своја одбрана тврдел дека тоа го сторил за да види колку вида трошат.
40 годишниот филипинец го откриле цимерките, а кога го соочиле тој се расплакал и ги молел да не кажуваат никому, но тие згрозени од помислата дека некои ги снимал и гледал голи додека се тушираат одлучиле да го пријават во полиција. а веднаш потоа него и неговата сопруга ги исфрлиле од станот.
Полицијата направила претрес и ги нашла снимките на овие две жени но и други жени како се тушираат кои датираат од 2008 година. Обвинет е за сексуален напад а на суд се правдал дека имале високи сметки за вода и ги снимал како доказ за тоа колку вода трошат, пишува “arbroath.com”.