Ширум Србија луѓе варат глави на мртви кучиња со кои се самоповредуваат и си нанесуваат расекотини со разни предмети со цел да дојдат до брза и лесна заработувачка.
По се изгледа граѓаните на Србија пронајдоа лесен начин да заработат по некој денар, па се почести се случаите кога се пријавуваат каснувања од кучиња скитници, од кои повеќето се лажни. На тој начин, преку оштета од државниот буџет украдоа повеќе од 80 милиони динари.
-Кучето скокна на моите деца. На едното го фати за врат, а другото го касна на ногата! Лабрадор лаеше на мене и моето бебе, а потоа зверски не нападна, дури и жената која сакаше да ни помогне ја касна на раката. – Ова се зборовите на две Београѓанки кои пријавиле во полиција и побарале итна помош жалејќи се на каснувања од кучиња скитници. Се што можело да се констатира се ситни гребаници и модрици кои не биле од скоро.
Имало и морбидни примери кога во Лозница луѓето ги вареле главите на мртвите кучиња за потоа со нивните вилици да се самоповредуваат, или со вештачки направени вилици си нанесувале убоди кои личат на каснување од куче.
Од комисијата за надоместување штета од каснувања на кучиња скитници од Белград наведуваат дека биле запознаени со обидите за измами откако забележале дека еден ист адвокат ги застапува “повредените” кои имале исти повреди како и резултати и лекарски мислења од исти доктори.
Комисијата за проценка на основаност на барањата на граѓаните за надомест на штета од ваков вид се соочила со неколку случаи на обид да се наплати оштетата на основа “сомнителна” документација.
-Пракса е таквите предмети да ги доставуваме до градското правобранителство кое потоа ги презема следните чекори кон подносителот на таквото барање- рекле во градската управа, и додале дека минатата година биле поднесени 804 барања за надомест на штета од каснувања на кучиња скитници.