Правата автоматизирана катна гаража во Македонија беше свечено пуштена во уптреба. Станува збор за катната гаража „Солунски конгрес“ со капацитет за 280 паркин места сместени во едно подземно, 9 надземни и едно полу ниво и најсовремени технологии за автоматско паркирање.
На свеченста денеска присуствуваше и премерот на Р.Македонија Никола Груевски кој изрази огромно задоволство што пуштањето на катната гаража се совпаѓа со еден од најголемите празници за македонскиот народ 8 септември „Денот на независноста“ и како што рече, заокружувањето на вековниот сон за своја држава и можност да бидеме свои на своето.
Со нејзината изградба успеваме за грѓаните на Скопје да обезбедиме поголем слободен паркинг простор, а со тоа и зголемување на мобилноста и безбедноста во градскиот сообраќај. Главниот град расте, се повеќе возила се возат низ Скопје, расте бројот на туристи и потребна е соодветна инфрасруктура. Во изминатиов период беа изградени 8 катни гаражи со вкупен капацитет од 2560 паркинг места. Денес ја пуштаме во употреба деветата катна гаража, истакна Груевски.Тој забележа дека во таа насока е и пуштањета на катната гаража „ Солунски конгрес“.
Три катни гаражи се сеуште во градба со вкупен паркинг простот од 1172 места. Во наредниот период планирани се уште 7 катни гаражи со простор околу 1600 паркин места.
Објектот на катната гаража „ Солунски конгрес“ е снабден со висока технологија за паркирање, со влезно -излезен терминал, терминал за предвање на возилото, наплатен термнинал, информативен систем, следење на процесот на превземањето на возилото како и идентификација за слободен лифт. Во објктот покрај паркирањето ќе има и содржини за кафе ресторан.
За изградбата на оваа катна гаража се потрошени околу 5,5 милиони евра.
-За да можат граѓаните да го користат овој интелигентен, еколошки паркинг кој се наоѓа во строгиот центар на Скопје ќе треба да плаќаат 40 денари за првиот час, 30 денари за вториот и само 20 денари за секој нареден час паркинг место во оваа катна гаража, истакна Цветко Грозданов, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
Само на овој паркинг на граѓаните ќе им се гарантира 100 % сигурност на возолото.