Ограбена Општина Центар


Околу три часот вчера изутрина засега неидентификувани лица провалиле во бараката бр.6 во општина Центар.

Тука се просториите на Советот на општината, општинската архива, архивата на секторот за урбанизам, односно местата каде што се чуваше целата документација за работата на Советот, одделение за човекови ресурси и одделот за криза и безбедност.

opstina centarКрадците ги однеле сите компјутери во дворот пред бараката, но во тој момент интервенирало обезбедувањето и тие побегнале во непознат правец.

Со себе однеле торба, но сеуште не е утврдено што точно е однесено во торбата.

Просториите се запечатени, пријавено е во полиција, а утре Крим Техника преку отисоци и други истражни мерки ќе утврдува кои се сторителите и што се е однесено од општинските архиви.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1