Со „мерцедес“ излетал од патот и се удавил во река


Вчера околу 19 часот на магистрален пат Радовиш – Штип кај место викано Пилав тепе се случила сообраќајна незгода во која животот го загубил Н.Ј. (72) од село Брод,soobrakjajka 233

Тој управувајќи со автомоил „мерцедес бенз“ изгубил контрола над возилото, излетал на левата страна во насока на движење надвор од коловозот каде се превртел во провалија и пропаднал во течението на Бучимска река. Автомобилот застанал превртен на кровот, а возачот Н.Ј. се удавил во водата.

Сопатниците во возилото В.К. (68), Ц.Ј. (62), П.К. (33), сите од Битола и единаесетгодишно дете од Германија, останале неповредени неповредени. Увид на местото на настанот извршила екипа од Радовиш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1