За време на иснпекцијата на еден ресторан за брза храна, шведската санитарна служба открила дека работниците во кујната сосевите ги подготвуваат во мини мешалица за бетон.
На користеле миксери и други апарати кои обично се употребуваат во кујната, затоа што тешко се чистат, објаснил еден од инспекторите. Тој навел дека работниците во ресторанот Хеслехолм, на југот од Шведска, не се возбудиле премногу кога бојата од бетонската машина почнала да им се лупи.
Инспекцијата е покрената откако еден од муштериите пронашол шајка во својот ќебап пишува “Svenska dagbladet”.
„Шајката била во скарата во која секојдневно ја користиме. На крајот испаднал и се нашол во ќебапот. Црна е исто како и ќебапот, не беше лесно да се забележи“, се правдал сопственикот на локалот, кој по инспекцијата купил прописна машина за сосевите.
Со оглед дека е почетник во угостителството, инспекторите се одлучиле да не му го затворат ресторанот и да му дадат уште една шанса како би ги исправил сопствените грешки.