Роб Ринехарт, 24 годишен софтверски инжињер од Атланта изморен од потрошеното време и енергија за готвење тврди дека измислил ново решение – коктел кој ги содржи сите хранливи состојки кои му се потребни за преживување.
Тој вели дека е изморен од трошење време, пари и енергија секојдневно за готвење.
Одлучен да ги троши своите пари и време поефикасно тој го создаде пијалокот „се во едно“ кој му ги обезбедува сите витамини и миниерали. Тој тврди дека смесата, слична на тесто за палачинки содржи толку хранливи материи кои се доволни за 6 недели без храна. Роб верува дека пијалокот ги содржи сите елементи на балансирана диета, но има трипати помалку калории.
Ринехарт вели дека инспирацијата за коктелот ја добил од еден постар брачен пар кој се разболел.
Тој раскажува:„бев дома за Божик и видов едни постари пријатели кои беа болни и ослабени. Човекот ја губеше силата во десната рака и му беше многу тешко да готви. Па си помислив зошто за нешто толку основно трошиме толку време и енергија, а бил поттикнат и од финансискиот момент. Досега имам прочитано многу биолошки книги и знам дека на нашите клетки им е сеедно дали храната ја добиваат од прашок или од морков.“
Напитокот кој Риберхарт го подготвува е наречен Солвент и содржи се што му е потребно на телото во однос на витамини, минерали и хранливи состојки, како амино киселини, јаглехидрати и масти. Според него состојките кои ги има во овошјето и зеленчукот се поважни од самиот продукт. Тој објаснува „Ни требаат јагленохидрати, а не леб, амино киселини, а не млеко. Во ред е да јадете се што сакате, но не секој може да си ги дозволи ниту пак секој има желба да ги јаде.“
Кога станува збор за маснотии, тој користи маслиново и рибино масло, но за јагеленохидратите не е толку едноставно.
Тој користи олигосахарид, кој како што тој тврди подолго се задржува во телото од фруктозата, па затоа овозможува постојан проток на енергија за подолг период на време.
Други „несуштински” додатоци се антиоксидансите и пробиотиците.
Иако ова звучи како најлош кошмар за љубителите на храна , г-дин Рихерат смирува дека овој коктел не значи дека морате засекогаш да се откажете од храна. Сепка тој со насмевка вели: „Сметките за струја и вода ми се пониски, заштедувам стотици долари месечно, се чувствувам ослободено од неблагодарна работа“
Според неговата математика претходно месечно трошел 220 долари за намирници и дополнителни 250 долари за јадење во ресторани. Сега откако го конзумира само Солвент троши околу 50 долари месечно.
Исто така додава дека со големата контрола на неговата исхрана лесно ја оддржува и килажата. А што се однесува до скептиците вели дека ги разбира, но и дека многу нутриционисти, експерти и професори веќе се заинтересирале за неговата работа“
Покрај сето ова овој млад човек се надева дека неговиот напредок ќе помогне и во бробата против гладот во светот.
Јаглехидрати (200g): Протеини (50гр): Масти (65g): Натриум (2.4G): Калиум (3.5G): Хлорид (3.4g): Влакна (5g): Калциум (1g): Железо (18mg): Јод (150ug): магнезиум (400mg): Цинк (15mg): Селен (70ug): Бакар (2mg): Манган (2mg): Хром (120ug): Молибден (75ug): Витамин А (5000IU): Витамин Б6 (2mg): Витамин Б12 (6ug): Витамин Ц (60mg): Витамин Д (400IU): Витамин Е (30IU): Витамин К (80ug): Тиамин (1.5mg): Рибофлавин (1.7mg): Ниацин (20mg): Фолна киселина (400ug ): Биотин (300ug): Пантотенска киселина (10mg): Ликопен (500ug): Омега-3 масни киселини (750mg): Женшен (50ug): Гинко билоба (100ug): Лутеин (500ug): Алфа каротин (140ug): Ванадиум (100ug)
Но некои од нутриционистите велат дека ваков напиток се користел и во Втората светска војна, сепак нема гаранција и докази дека сите овие состојки на телото му се потребни во ваква форма и дека телото нема потреба од сите овие состојки во еден оброк.
Извор – Факултети.мк