Со овој трик тесните чевли ќе ги проширите за еден број


Колку пати ви се случило после купувањето на новите чевли да сфатите дека сте направиле грешка која не сте успеале да ја забележите додека сте ги пробувале во продавницата? Разранетите стапала и болните рани се резултат на тесните или мали чевли, кои за жал не секогаш можат да се насетат при брзото пробување, па резултатот се чувствува после подолго носење на стапалата. Сепак, не се откажувајте пребрзо од „промашените“ чевли, и обидете се да си ги олесните маките со овој едноставен трик за проширување:

noze stikli cevliПотребно:

– 2 долгнавести балони или мали пластични кеси
– вода
– замрзнувач

Постапка:

1. Наполнете половина од кесичката или балонот со вода, и добро прицврстете за да не се излие (најдобро е правејќи чвор).

2. Во чевлите ставете по една од кесичките внимавајќи водата еднакво да се распредели низ целата должина, или пак доколку е потребно проширување само на предниот или задниот дел, тогаш обидете се да има повеќе вода на критичните места.

3. Ставете ги во замрзнувач и оставете ги таму во текот на целата ноќ. Водата при замрзнувањето се шири, а на тој начин се проширува и обликот на чевлите поради притисокот од мразот.

4. Чевлите извадете ги од замрзнувачот и почекате 30-на минути да „попушти“ мразот. Извадете ги кесите и пробајте ги чевлите.

Совет:

Доколку се уште ви се тесни обувките, повторете ја постапката.

365.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1