Со породилни болки Елена од Брест пешачела три часа на -20 и 40 сантиметри снег


Елена и Миле Здравевски од селото Брест преживеале вистинска драма. Храбрата Елена за да го роди своето трето дете, кога добила породилни болки, пешачела на снег од 40 сантиметри, на температура од -20sneg-nevreme_balkan

– Утрото на 9 јануари никогаш нема да го заборавам. Во раните утрински часови мојата сопруга наеднаш доби силни породилни болки. Се најдовме пред сериозно искушение како да стигнеме до најблиската болница. Висок снег со многу наноси, минусни температури и патна делница од седум километри требаше да се совладаат од нашето село до селото Самоков. Одлучивме да тргнеме пеш, бидејќи немаше друго решение. Јас одев напред за да го пробијам снегот, а по моите стапки одеше сопругата. И така повеќе од три часа – раскажува за подвигот Миле Здравески од селото Брест, татко на две деца, а сега и на трето за Нова Македонија.

Парот го чекал амбулантно возило во селото Самоков.

– Патувањето помина во крајна тишина, се слушаше само крцкањето на снегот и отежнатото дишење на мојата сопруга. Повремено запиравме за таа да се одмори, но студот не дозволуваше подолги паузи. Ми се чинеше како цела вечност. Сепак, успеавме да стигнеме во Самоков каде што нѐ чекаше амбулантно возило што нѐ превезе до кичевската болница. Нашите стравувања конечно завршија – вели Миле за Нова Македонија.

За среќа, и покрај драмата, храбрата Елена на свет донела здраво женско бебенце.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1