Со седум убоди од нож Христијан се бори за живот, родителите бараат одговорност


Седумнаесетгодишниот Христијан од Куманово, кој беше тешко повреден со седум убоди од нож во близината на една детска градинка, се бори за живот во скопскиот Ургентен центар.

majkanadeteРодителите скршени од болка велат дека нивниот син настрадал во обид расправијата за девојка да спречи да се претвори во уште поголема тепачка. Христијан денеска за првпат на кусо излегол од бесознанието во кое се најде откако загуби многу крв. Неговата мајка вели дека прободени му се витални органи.

Иако двајца малолетници се притворени, родителите на Христијан велат дека главните инспиратори на тепачката се на слобода иако тие не им пружиле помош и ги оставиле прободените момчиња да крварат. Повредениот другар на Христијан некако стигнал до првата куќа, побарал вода и помош и паднал во бесознание. Луѓето од куќата повикале брза помош.

Мајката на Христијан во својата изјава за Телевизија Телма вели дека Христијан сакал само да помогне да се спречи настаната расправија и не може да сфати како ниту еден од учесниците во тепачката, ниту пак предизвукувачите немал доблес да повика Брза Помош, туку ги оставил дете деца избодени да лежат во дворот на градинката.

 Телма телевизја

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1