По социјалните мрежи се шири снимка од непознат маж кој се шета низ болница со секира, а оној што ја објави снимката тврди дека видеото е направено во тетовската болница.
Ниту МВР ниту Министерството за здравство деновиве не објавиле информација за инцидент во кој е користена секира.
со С Е К И Р И им се шетаат низ ургентниот во Тетово, О вла кадаљ, мо нервоз оо ти pic.twitter.com/WhlV5PQaYC
— Демир (@Trollowsky) November 10, 2019
Во последниве 6 месеци имаше најмалку 5 тешки инциденти во кои граѓани физички се пресметува со лекари и медицински персонал. Два од инцидентите се случија токму во тетовската болница.