Ако ви останало малку шампон или имате некој што ви останал, а не го користите, немојте да го фрлате, туку искористете го за чистење на лисјата, хромирани површни, полирање на чевлите или безболно отстранување на фластер.
1. Доколку имате проблем со заглавен патент, ставете му малку шампон, поминете неколку пати накоре и надоле и проблемот е решен.
2. Слично постапете доколку сакате побезболно да го отстраните фластерот. Нанесете неколку капки шампон на делот залепен на кожата, почекајте неколку моменти и проблемот е решен.
3. Вратете го сјајот и бојата на чевлите. Неколку капки шампон нанесете на чиста памучна крпа, и добро истрлајте.
4. За рачно перење на чувствителна облека, наместо скапи детергенти, во водата капнете неколку капки шампон за коса.
5. Истото важи и за дамките на облеката. Нанесете малку шампон на дамките, истрлајте и оставете ја неколку минути, а потоа облеката исперете ја нормално.
6. Употребете шампон место пена или крема за бричење. Нанесете го на кожата и избричете се и измијте го лицето. Шампонот има свилена структура поради која бричот полесно поминува на кожата, поблаг е од сапунот и не ја суши кожата.
7. Чистењето на правот од листовите на домашните цвеќиња, со мешавина на вода и капки шампон. Во мешавината замотајте крпа, исцедете ја и избришете ги лисјата.
8. Очистете ја четката за коса и четките за примена на шминка. Истрлајте ги со шампон и добро исперете ги. Шампонот совршено ги отстранува телесните маснотии.
9. Помешајте шампон со сода бикарбона и направете паста за чистење на алуминиумски фелни и хромирани површини. Можете за чистење да користите се, па дури и кечап.
10. Ако не можете да одвртите сијалица, или ве нервира чкрипењето на вратата, подмачкајте со шампон и проблемот е решен.