Со што се занимаваат и како изгледаат најбогатите жени на планетата!


Тие се симбол за успех и слава. Имаат слава и пари, а по богатството се вбројуваат меѓу најбогатите жени на светот.

1. Лилијан Бетанкурт (94), Франција. Најбогатата жена на светот во моментот е 94-годишната Лилијан Бетанкурт, сопственичката на поголемиот дел од акциите на познатата „фабрика за убавина“, француската козметичка фирма „Л’Ореал“. Иако таа длабоко зачекорила во десеттата деценија од својот живот, Лилијан вредно работи, а поседува и своја хуманитарна фондација. За своите години изгледа фантастично! Нејзиното богатство во моментот се проценува на околу 43,1 милијарди долари. Живее во Франција.

2. Алис Валтон (67), САД. Втора на листата според богатство е Алис Валтон, која тежи 38,7 милијарди долари. Таа е единствената ќерка на основачот на „Волмарт“, Сем Валтон. Алис обожава уметност, па дури има и своја приватна уметничка колекција. Полна е со пари и ужива во нив – има ли нешто подобро од тоа?

3. Сузан Клатен (55), Германија. Трета на листата и прва најбогата жена во Германија. Таа успешно го води својот бизнис, а слободното време го поминува со семејството. Сузан е сопственичка на фармацевтска компанија, а заедно со својот брат поседуваат половина од акциите на „БМВ“. Нејзиното богатство се проценува на 22,5 милијарди долари.

4. Лорин Пауел Џобс (53), САД. Лорин Пауел Џобс не е само вдовицата на Стив Џобс, еден од основачите на „Епл“, туку и самата е искусна деловна жена и великодушна личност позната по големите добротворни акции. Нејзиното богатство се проценува на околу 20 милијарди долари.

5. Шарлот Казираги (31), Монако. Младата Шарлот е осма по ред за престолот на Монако. Внуката на славната Грејс Кели работи како новинарка, а слободното време го користи за да јава коњи. Се чини дека Шарлот, покрај кралското богатство го наследила и изгледот на својата холивудска баба. Нејзиното богатство се проценува на 5,7 милијарди долари.

6. Панси Хо (54), Кина. Панси Хо е ќерка на Стенли Хо, кинескиот милијардер познат како „Кралот на коцката“. Панси е најбогата од 17-те деца што ги има Хо со четири различни жени. Нејзиното богатство се проценува на 3,4 милијарди долари.

7. Иванка Трамп (35), САД. Иако најстарата ќерка на Доналд Трамп би можела да смета на парите од нејзиниот татко и да живее удобен и безгрижен живот, Иванка одлучи да стане успешна, независна, деловна жена. Таа поседува неколку компании, често се појавува на ТВ, дури и пишува книга. И покрај зафатениот распоред, секогаш наоѓа време за себе и за своето семејство. Нејзиното богатство се проценува на 740 милиони долари.

8. Шеика Моза бин Насер (58), Катар. Нејзиното височество Моза е сопруга на поранешниот Емир на Катар и мајка на моменталниот. Таа се смета за моќта зад тронот на оваа држава и личност одговорна за модернизирање и подобрување на дипломатските односи на Катар со западниот свет. Таа е мајка на пет сина и две ќерки, а нејзиниот втор син, принцот Тамим бин Хамад Ал Тани, е моменталниот Емир на Катар, а воедно и најмладиот монарх на трон во светот. Моза е психолог по професија, има седум докторати зад себе и работи на дипломатијата во нејзината држава и е специјален претставник на УНЕСКО, која се залага за доближување на високото образование до луѓето во нејзината држава, Блискиот Исток и светот воопшто. Нејзиното богатство се проценува на 10 милиони долари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1